Во интервју за утринската програма на Телевизија Телма, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи најави дека од први јули оваа година, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија.
„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули, порача Битиќи додавајќи дека цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри.
Потпретседателот Битиќи истакна дека за првпат во независноста сериозно се работи на Национална стратегија за развој која треба да го трасира патот по кој државата треба да се развива.
„Во секоја стратешка област ќе биде јасно разграничено што е тоа што каде сакаме да стигнеме и тоа е визијата и наредниот период ќе се работи на акцискиот план како тоа да се постигне“ порача Битиќи во гостувањето на Телевизија Телма.