Коалицијата „Менуваме“, која се бори за правата на лицата со попреченост денеска соопшти дека
поради неисполнетите барања упатени до централната и локалната власт, и покрај дијалогот понуден од Министерството за труд и социјална политика, нема да го одложи протестот во Скопје на 7 јуни и поднесената иницијатива до УСТАВЕН СУД.
Не сме задоволни од зголемувањето на додаток за попреченост од 14,9% кој што тоа покачување е поради инфлацијата во земјата Имам право на достоинствен живот 78% социјална правда НИЕ ДОАЃАМЕ… – велат од „Менуваме“.
БАРАЊА ДО ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ:
1. Додатокот за попреченост за деца и возрасни да се покачи за 78%,
2. Личната асистенција за лица со попреченост да се зголеми од 80 часа на 160 часа месечно,
3. Родителите на деца со попреченост кои работат 4-ри часа, Државата остатокот од платата кој го покрива да биде согласно примањата а не согласно просечната плата,
ПРАВДА:
1. Формирање на институција НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ за лица со попреченост,
ОБРАЗОВАНИЕ:
1. 78% образовни асистенти за деца со попреченост,
2.78% пристапна програма адаптирана по мерка на детето со попреченост,
3. 78% стручни тимови во образовните институците за деца со попреченост,
ЗДРАВСТВО
1. Ортопедските помагала (ПАМЕТНОТО СТАПЧЕ, МЕРАЧОТ ЗА ШЕЌЕР, МЕРАЧ ЗА КРВЕН ПРИТИСОК, ТОПЛОМЕРОТ) за лица со оштетен вид, веднаш да влезат во програмата на Министерството за здравство во првите две години додека се вметне на товар на фондот,
2. Формирање на велнес рехабилитациони центри за деца и лица со попреченост,
БАРАЊЕ ДО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ:
1. Пристапни детски игралишта,
2. Пристапен паркинг за лица со попреченост,
3. Пристапни пешачки патеки за лица со попречен вид и телесна попреченост,
4. Пристапни патеки за лица со оштетен вид и телесна попреченост,
5. Пристапен јавен превоз за лица со попреченост,
6. Говорен Семафор за лица со оштетен вид.
Напомена:
Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОN во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.