Денеска ќе не’ зафати уште една геомагнетна бура. Се очекува да биде со јачина на G3.
Во следните неколку часа нашата планета ќе дојде во домет. Причината за очекуваната магнетна бура е исфрлената плазма од сончевата дамка AR3296.
Во наредните часови може да има прекини во комуникациските и навигациските системи, па дури и проблеми со интернет конекцијата во Европа, Канада и Алјаска.