Ова се повиците на српската јавност по трагичниот настан кога 13-годишно момче уби осум ученици и еден чувар. Неговата соученичка Ема, ќерка на познатиот одбојкар Драган Кобиљски се обидела да го спречи момчето кое пукало, па застанала пред него со надеж дека ќе успее да се пресмета со него, но не успеала и заврши трагично. Ема е меѓу осумте починати деца. Нејзиното име на било на списокот за отстрел. Токму затоа српската јавност покрена иницијатива училиштето во кое се пукаше, да го носи нејзиното име.
– Ема да се прогласи за национална хероина. Можеби дури и именува училиште по неа. Кога сите се смрзнале од страв или панично бегале, кај Ема проработел спартанскиот ген на нејзините родители и таа храбро му се спротивставила на Коста и му рекла: „Зошто го правиш ова, престани“ и им дала време на некои други деца да се спасат. Благодарение на неа 7 момчиња од списокот избегале и се спасиле од сигурна смрт. Ема не беше на списокот. Малата Ема, која повеќе не е меѓу нас, не’ потсети што е храброст и херојство, како и застанување во одбрана на другите, кои во даден момент се во позиција на немоќ. Ваквиот несебичен чин е израз на врвната човечка доблест и вредност. Вечна и’ слава! – напиша еден од корисниците на социјалните мрежи.
Таткото на Ема, Драган Кобиљски одговори преку Фејсбук, каде напиша:
– Почитуван господине или госпоѓо, ја цениме вашата желба да одземете од таква трагедија барем порака за посветување на луѓето и општеството да се вратат на вистинските вредности и да застанат на патот на злото околу нас. Ние сме скромни луѓе кои само сакаме да ја ја истагуваме нашата болка. Ниту го сакаме, ниту се согласуваме со споменувањето на нашето дете повеќе од другите трагично загинати и тешко повредени деца, бидејќи сите тие се прекрасни суштества, а родителската, братската и сестринската болка е иста во сите ужалени семејства, напиша Кобиљски. Со денови цела Србија, но и светот се простуваше од трагично повредените деца, а сега одбојкарскиот клуб „Раднички“ го објави и официјалното збогување со поранешната членка на пионерската селекција.
– Членката на нашата пионерска селекција, Е.К., не’ напушти заедно со другарките од училиште, кои починаа на 3 мај 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“. Беше самопожртвувана, секогаш насмеана и одлична соиграчка, напишаа од „Раднички“.
Српскиот министер за економија Раде Баста предложи да се урне основното училиште „Владислав Рибникар“, каде ученик изврши масовно убиство на 3 мај.
-Повикувам на единство на власта и опозицијата да се изгради спомен-парк за жртвите од училиштето на местото на училиштето за да остане нивниот спомен засекогаш“, напиша Баста на Инстаграм.
Тој побара „да се урне сегашното училиште, а некаде во близина да се изгради ново училиште“.
На Инстаграм го објави и насловот на веста од РТС во која член на Советот на родители вели дека децата сакаат да се вратат на училиште, но не и на тоа место.
извор: Спортал.рс
фото: Блиц