Градот Далас во Тексас потврди дека витални институции се под напад со софтвер при што се бара откуп на податоците. Нападот ги оневозможи клучните услуги за граѓаните, вклучително и 911 системот.
Градските власти потврдија во средата дека голем број од градските сервери биле „компромитирани со откупнина“, предизвикувајќи широки прекини на услугите. Веб -страницата на полицијата во Далас (DPD) во моментов е офлајн. Веб-страницата на градот Далас прикажува порака во која се наведува дека „Градот се соочува со прекин на услугата и работи на обновување на услугите“. Исто така потврдено е дека нападнати се и сите судови.
Портпаролот на DPD, Мелинда Гутиерез, потврди за TechCrunch дека прекинот влијаел и на Computer Aided Dispatch, или „CAD“ системите, кои ги користат диспечерите и операторите 911 за да им дадат приоритет и да снимаат инцидентни повици. Локалните медиуми објавија дека ова ги натерало примателите на повици 911 рачно да ги запишуваат упатствата за службениците што реагираат.
До институциите на Далас почнале да стигнуваат барања за откуп, со објаснување дека податоците им се криптирани. Доколку не се плати откупот, сите податоци ќе се најдат на интернет, е заканата од групата Royal ransomware gang.
Целосното влијание на нападот останува непознато. Во соопштението, градот рече дека „активно работи на изолирање на откупниот софтвер за да се спречи неговото ширење, да се отстрани откупниот софтвер од заразените сервери и да се обноват сите услуги кои моментално се погодени . Градот моментално работи на проценка на целосното влијание, но во овој момент, влијанието врз испораката на услугите на Градот до неговите жители е ограничено“.
Само оваа година се пријавени 29 напади до локалните институции во САД.