Кои шест работи треба да ги исфрлите од животот во мај 2023 за да имате повеќе среќа и шанси за успех?
Мај е месец кој може да донесе разни астролошки случувања, а еден од главните е престанувањето на ретроградниот Меркур на 16 април, а тоа донесува олеснување. За да можете во мај да привлечете позитивна енергија, важно е да отуштите одредени негативни вибрации, навики и убедувања.
Еве од кои шест работи треба да се ослободите за да може мај да стане месец на среќа и успех:
Одмаздољубивост
Мај може да биде совршено време за чистење на негативните емоции. Треба да учиме на негативностите да не враќаме со негативност, туку да учиме да простуваме и да се ослободиме од негативните работи. Кога ментално ќе ја пуштиме огорченоста и ќе им простиме на луѓето, тоа ќе нè направи посреќни бидејќи исчезнуваат внатрешните блокади.
Рамнодушност кон своите и туѓите проблеми
Во мај треба да се ослободите од рамнодушноста, поврзете се со чувствата на другите луѓе. Ако се грижите за другите луѓе, тогаш животот значително ќе ви се придвижи кон подобро и ќе имате повеќе среќа
Самокритичност
Овој мај немојте да бидете премногу самокритични. Обидете се да се опуштите и конелно сфатете дека фокусирањето само на недостатоците не може да ви донесе добро, туку само пад на самодовербата. Бидете искрени кон себе, но не и престроги.
Преамбициозност
Овој месец многумина од нас ќе можат да ги отстранат проблемите кои се појавиле во втората половина на предходниот месец. Тоа е можно само доколку успорите и не си поставувате самите на себе претешки задачи. Во мак треба да се фоксуирате на она најважнпото, а не на она што носи повеќе пари или моќ. Амбицијата е добра, но во мај 2023, сè треба да биде умерено.
Не реагирајте импулсивно
Подобро е прво да се размисли за сè со неколку чекори понапред, па дури тогаш да се направи она што ви е потребно. Бидете внимателни кога ќе се појават дилеми. Во мај можат да се појават многу ситуации во кои морате да направите избор, а доколку тој избор го направите пребрзо, можеби нема да успеете.
Нерационално распределување на времето
Во мај во ниту еден случај не треба да трошите многу време на нешто кое моментално не ви е приоритет во животот. Поставете си приоритет.
Извор: sensa.mondo.rs