Познатата актерка Џејми Ли Кертис покажа зошто важеше за една од најжешките жени.
Таа и нејзиниот млад колега Пол Мескал се истакнаа меѓу 30-те познати фаци кои ги красат страниците на британскиот Вог, во пресрет на сезоната на филмски награди, пренесува курир.рс.
Џејми има 64 години, но тоа не ја спречи да блесне во елегантен фустан и да покаже дека се уште изгледа прекрасно и заводливо и дека има тело на кое многу нејзини колешки би и позавиделе.
„Едноставно, го одземаш здивот“, „Изгледаш одлично“, „Супер секси“, „Ти си неверојатна жена“, имаше коментари под нејзината фотографија.
Џејми ја освои публиката со низа улоги, особено оние во комедите „Риба наречена Ванда“ и „Тркало на среќата“ од 80-тите. Раскошното тело беше нејзин заштитен знак, а нејзините иконски сцени со стриптиз и денес се паметат, и покрај тоа што беше донекаде отфрлена од Холивуд.
Актерката извесно време била зависна и од лекови против болки, а од нив се навлекла по неуспешната естетска корекција, отстранувајќи ги темните кругови под очите, што решила да го направи откако камерманот на снимањето на филмот „Таа го сака најдоброто“ и рекол дека не можеше така да ја снима, па и дофрлил: „Престани да јадеш сол“.
“Тоа беше страшно за мене. Затоа отидов на естетска операција. А кога тоа не функционираше, беше уште полошо”, вели актерката, која потоа почнала да зема опијати, а не се откажала ниту од алкохолот. – „Два пати бев зависна, првиот пат од болка, вториот од срамот да бидам зависник“, признала таа.
„Знаев дека татко ми има проблеми, а и јас, па се дрогиравме. Имаше време кога јас бев единственото дете што сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет. Брат ми Николас починал од предозирање со хероин кога имал само 21 година“, признала таа.
Кога западнала во кризи, украла лекови од нејзината постара сестра Кели и од нејзиниот помлад полубрат Николас, а не ја отрезнила ниту смртта на Николас поради предозирање со хероин на 21-годишна возраст. Меѓутоа, една деценија подоцна сфатила колку е деструктивно тоа што го прави за неа и нејзиното семејство, па во 1999 година целосно била излечена.
“Мојата ќерка Ени, тогаш осумгодишна, ме поведе на вистинскиот пат, која ми кажа дека никогаш не сум била тука за неа кога ќе и требам. Тоа ме потресе”, рекла таа еднаш.
Признала и дека направила естетска операција – „Пробав се, мала корекција, и липосукција и ботокс. И ништо од тоа не функционира – искрено изјавила, нагласувајќи дека никој не спомнува дека салото што го отстранувате од телото од едно место, се враќа на друго“, искрена била Џејми.
И покрај тоа што многумина се воодушевени од нејзиниот изглед и мислат дека е беспрекорна, таа беше искрена и со својата изјава им ги отвори очите на сите жени.
„Без облека изгледам онака како што изгледам, вистинска. Немам идеални бутови. Имам преголеми гради, мек, буцкаст стомак и сало на грбот. Не сакам 40-годишни жени насекаде светот да мислат дека мојата фигура е совршена.Тоа е измама и повеќе нема да го правам тоа за да учествувам“ – изјави Џејми.