Луѓето кои сакаат мачки се издвојуваат по одредени карактеристики во однос на оние кои повеќе сакаат кучиња.
Повеќе сакате маче или куче? Одредени истражувања покажуваат дека овој избор може да открие интересни работи за вашата личност. Вообичаено се смета дека сопствениците на мачки се внимателни, повлечени, но независни личности, додека од друга страна, сопствениците на кучиња се полојални и пооотворени.
Истражувачите од Универзитетот во Тексас направиле истражување во врска со пет карактеристики – екстровертност, љубезност, совест, емоционална стабилност и отвореност, со цел да воочат дали постојат разлики меѓу луѓето кои сакаат мачки и оние кои повеќе сакаат кучиња. Откриле дека повеќето од испитаниците кои се идентификувале како интровертни и чувствителност, всушност се љубители на мачки, додека оние кои изјавиле дека се екстровертни попрво би одбрале куче за домашен миленик.
Ако сте личност на која омилено животно ѝ е мачката, прочитајте кои три карактерни особини се поврзуваат со вас:
Љубителите на мачки се индивидуалисти
Се смета дека генерално овие луѓе се поинтровертни од оние кои сакаат кучиња. Додека сопствениците на кучиња сакаат да поминуваат време на отворено и бараат можности за социјална интеракција, се чини дека оние кои повеќе ги сакаат мачките, сакаат да поминуваат време дома со својот домашен миленик. Тие уживаат да бидат заедно во топлиот дом во попладневните часови. Исто така, љубителите на мачки не се водат според строги правила. Поради тоа тие некогаш се неправеdно етикетирани како ексцентрични, додека реалноста е дека тие само сакаат да го следат својот пат.
Љубителите на мачки се љубопитни
Друга студија покажала дека луѓето кои сакаат мачки се особено љубопитни и сакаат постојано да учат и да откриваат нови работи. Тие се отворени за нови искуства, па поради тоа сакаат да учат нови работи и постојано да го прошируваат своето образование
Луѓето кои сакаат мачки се комплексни
Љубителите на мачки покажуваат многу поголема разновидност од оние кои претпочитаат кучиња, или оние кои сакаат и кучиња и мачки подеднакво. Поради тоа, тешко е да се одредат „типични“ особини на овие луѓе, што потврдува дека љубителите на мачки се неконвенционални. Од друга страна, истражувањата покажуваат дека љубителите на кучиња се екстровертни и се посовесни од љубителите на мачки.
Сепак, независно какво животно ќе одберете за домашен миленик, добрата вест е дека делењето на секојдневието со маче или куче нуди многу придобивки меѓу кои и намалување на анксиозноста.