Овие две фирми, заедно со група вработени, поднеле до штипскиот Основен суд, предлог за отварање на стечајна постапка на штипската фирма А.Д Баргала. Судијата Емил Пилатов на денешното судско рочиште не донесе одлука за покренување стечајна постапка, но најверојатно тоа ќе се случи на 8 мај, за кога е одложено рочиштето на барање на адвокатот на А.Д Баргала, Сашко Бошков.
Првиот предлог на Бошков за одложување на рочиштето поради тоа што во наодите од последното вештачење биле изоставени податоци за уплати извршени на шести јуни 2022, со што биле доставени несоодветни информации, не беше прифатен од судијата, но тој го прифати вториот предлог на адвокатот кој беше образложен со потребата од дополнително време за да може должникот да се произнесе по доставените докази од Комерцијална банка како еден од барателите за покренување на стечајната постапка.
Според информациите презентирани на денешното судско рочиште, АД Баргала на Комерцијална банка и должи 195.838.657 денари и 281.086 евра или вкупно околу 3 милиони евра. Долгот кон АД Македонија Осигурување изнесува околу 5 милиони денари. Долгот кон вработените т.е групата на вработени кои уште пред две години доставија барање за покренување на стечајна постапка, не е утврден зошто, како штобеше кажано на рочиштето, Синдикатот и претставникот на вработените не успеале да ја достават информацијата, а во меѓувреме како што информираа стечајниот управник Пепи Санев и адвокатот Бошков, биле извршени уплати за вработените.
Трите предлози за покренување на стечајна постапка на А.Д Баргала ќе се водат како еден предмет.
В.Кр