Жена загина во сообраќајка кај Ѓавато, информираат од МВР.
-На 23.04.2023 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато”, во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од И.А.(57) од Ресен и патничко возило марка „мерцедес”, управувано од С.Ј.(52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки, велат од МВР и додаваат:
-. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала И.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатникот во возилото „сеат“ А.А.(56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола, информираат од МВР.