Видеото, кое е споделено на социјалните мрежи и собра стотици илјади прегледи, го прикажува Истанбук, кој ненадејно е го „голта“ темница, откако го зафати тежок, застрашувачки црн облак кој лебдеше над градот, пренесува јутарњи лист.хр.
Како што информираат од Турскиот метеоролошки институт, “облак дебел 7 километри поминал над Истанбул. Во меѓувреме сонцето исчезнало 5 минути, а денот се претворил во ноќ. Некои коментирале дека доаѓа апокалипса, бидејќи било многу страшен призор…”
Додека темниот облак се движел над Истанбул, силен дожд го зафатило градот. Необичната глетка ги преплаши граѓаните на градот на Босфорот..
„Крајот е близу“, коментира едно лице кое го сподели видеото, додека друг корисник се запраша: „Што е тоа по ѓаволите?!“
Сајтот TechnoPixel, кој се занимава со слични метеоролошки феномени, сугерира дека овој густ облак можеби бил особено голем кумулонимбус со темна боја. Кумулонимбусните облаци, познати и како громови, често имаат темна, ниска основа, достигнувајќи само неколку стотици метри над земјата. Тие се единствените облаци кои произведуваат град, грмежи и молњи, а водат и до обилни врнежи. Тие можат да изгледаат екстремно темни бидејќи пропуштаат многу малку или се без светлина.
Голем број корисници на Твитер во Истанбул споделија слики додека облакот висеше над градот, а веднаш потоа времето да добие поетски пресврт – вклучително и огромно виножито кое доминира на небото на градот.