Линси Донован е мултимилионерка која сака да го покажува своето богатство, кое го стекнала на само 19 години. Оваа девојка пораснала во мал град близу Њујорк, на 18 години се преселила во Мајами, каде ја почнала својата кариера како бикини модел и се прославила на Инстаграм.
Линси сега има 23 години и богатство за кое повеќето може само да фантазираат. Таа поседува четири имоти вредни седум милиони долари, а во интервју за Daily Star истакна дека најчесто парите ги троши на недвижнини, шминка и облека.
Линси изјави дека во еден ден успеала да потроши дури 450.000 долари на „секојдневни работи“.
Таа исто така, поседува автомобили чија вкупна вредност е 446.000 долари, а на 19 години го купила својот прв Мерцедес кој во тој момент бил најмодерен.
На еден од нејзините имоти се наоѓа фарма со коњи, а таму има и базен. Нејзината огромна спална соба е уредена во Барби стил и вели дека во својот дом се чувствува како принцеза.
Линси посочува дека кога некој може да си купи сè што ќе посака без да гледа на цената, тоа е одлично чувство. Таа наведува и дека ја почитува вредноста на парите и за неа финансиската слобода е од непроценливо значење.