Три милиони луѓе во живо го следеа интервјуто, кое било организирано набрзина, во последен момент на Би-Би-Си со сопственикот на Твитер, Елон Маск. Милтимилијардерот од канцелариите на Твитер во Сан Франциско, изутрината по 6 часот по македонско време, изјави дека водењето на социјалната мрежа било „прилично болно искуство“ и „ како на тобоган“. Би ја продал, но само доколку се „дојде вистинската личност“. Интервјуто беше пренесувано и на Твитер.
Маск, кој исто така го води производителот на автомобили Тесла и ракетната компанија SpaceX, го купи Твитер за 44 милијарди долари (35,4 милијарди фунти) во октомври. Запрашан дали се кае што го купил Твитер, вториот најбогат човек во светот рече дека „нивото на болка е исклучително високо, ова не беше некаква забава.
-Тоа беше навистина доста стресна ситуација во последните неколку месеци“, додаде тој, но рече дека сепак чувствува дека купувањето на компанијата е вистинската работа.
-Обемот на работа значи дека некогаш спијам во канцеларија“, рече тој, додавајќи дека има место на каучот во библиотека „во кое никој не оди“.
Маск исто така, се осврна на неговите понекогаш контроверзни твитови велејќи: -Дали сум си пукал во ногата со твитови повеќе пати? Да. Мислам дека не треба да твитам по 3 часот наутро“, додаде тој.
Заминувањето од Твитер на многу инженери откако Маск ја купи компанијата предизвика загриженост за стабилноста на платформата. Тој призна дека има некои пропусти. Исто така рече дека намалувањето на работната сила од нешто помалку од 8.000 во времето кога ја купил фирмата на околу 1.500 не било лесно.
Маск призна дека не ги отпуштил сите лично.
-Не е можно да се разговара со толку многу луѓе лице в лице“, кажа Маск.
На прашањето за наследените потврдени сини беџови на платформата, Маск рече дека тие ќе бидат отстранети од сметките до крајот на следната недела.
Илон Маск има проценето лично богатство од речиси 190 милијарди долари, што го прави вториот најбогат човек на светот, според листата на милијардери на Форбс.
извор: BBC