Лошите или нередовните хигиенски навики водат кон влошено здравје. Сертифицираниот тренер за исхрана, Мајкл Бол сподели кои се четирите лоши хигиенски навики од кои може да се разболите – пишува EatThisNotThat.
Не ги миете рацете
Еден од најлесните начини да се разболите е нередовното миење на рацете. Микробите не секогаш претставуваат опасност само за рацете, туку и за сите оние делови од вашето тело што ги допирате со рацете, доколку не ги измиете.
„Кожата делува како релативно добра бариера против заразните честички, но микробите многу лесно би можеле да влезат во телото преку мукозните мембрани како што се внатрешноста на носоот, устата и очните капаци. Значи, ако не сте ги измиле рацете, а сте го допреле лицето, вие во вашето тело внесувате микроби кои може да предизвикаат болест“, вели д-р Бол.
Не ги миете сите делови од телото во текот на туширањето
-Тоа вклучува миење на пазувите, делот под градите, околу препоните и секаде каде што имате кожни набори. Кожните набори кои може да се почести кај обезните луѓе може да бидат влажни, дозволувајќи им на бактериите да „напредуваат“. Ако не ги исчистите сите набори, може да се загрози бариерата на вашата кожа, а во кожните набори да се развие инфекција – објаснува Бол.
Не употребувате забен конец
Чистењето на забите со забен конец е важен чекор за добра орална хигиена и не смеете да го занемарите.
„Кога ги миете забите, се уште постои можност меѓу нив да остане вишок храна, а таа храна не секогаш може да се отстрани со помош на четката. Ова пак, води до кариес и други орални здравствени проблеми“, предупредува Бол.
Пречесто го миете лицето
Чистењето на лицето секој ден е важно за да се отстрани вишокот маснотии, но и шминката и целата нечистотија. Сепак, не претерувајте! Чистењето или пречестото миење на лицето од два до три пати дневно може да предизвика компликации.
„Ако го миете лицето со средства за миење повеќе пати на ден, можете да ги отстраните природните маснотии од кожата, а во одредени случаи тоа може да биде подеднакво проблематично како и недоволното миење, па дури и да предизвика појава на акни“, тврди докторот.