Во милениумите што изминуваат една константа за тетоважите останала иста – секоја тетоважа претставува гравирање на рана со мастило во трајна форма.
Сепак, научниците сè уште не се сигурни што е тоа што прави некои тетоважи брзо да бледнеат, додека други кои се навидум „привремени“, а остануваат подолго иако би требало да исчезнат.
Меѓутоа, една од најчудните и најмалку проучени карактеристики е како точно преживуваат тетоважите. Нашиот имунолошки систем постојано прави се’ за да ги уништи – а разбирањето на причините за неговиот неуспех може да обезбеди увид во една од најважните функции на нашето тело.
-Кога се човек се тетовира, телото ја доживува како напад. Кожата е првата бариера на имунолошкиот систем и е опремена со брзо дејствувачки одбранбени клетки кои се мобилизираат кога ќе се пробие, објаснува Џулиет Морисон, вирусолог.
Примарната функција на овие клетки е да лоцираат се што е туѓо и да го уништат за да може да започне процесот на заздравување.
Генерално, овие клетки се ефикасни, овозможувајќи заздравување на изгореници и заздравување на лузните на кожата – освен кога е во создавањето на раните е вклучено мастило. Пигментните честички се гломазни и ензимите на клетките на имунолошкиот систем тешко ги разградуваат.
Така, кога мастилото се „голта“ од клетките на имунолошкиот систем , како што се макрофагите кои живеат во кожата (кои го поминуваат својот живот голтајќи патогени и клеточни остатоци), тие се претвораат во мала маса слична на непцата.
Честичките на пигментот се таложат во клетките на макрофагите и не се разградуваат. Кога гледаме мастило на површината на телото, тоа всушност не е само заробено помеѓу клетките на кожата, туку сјае низ „стомакот“ на макрофагите кои не можат да го сварат.
Сандрин Анри, имунолог во Центарот за имунологија во Марсеј-Лумини во Франција и нејзините колеги открија дека одговорот на макрофагите на мастилото може да објасни зошто тетоважите опстојуваат дури и по умирањето на клетките. На крајот од животот на макрофагот (кој трае со денови или недели), клетката почнува да се раствора, ослободувајќи го пигментот во неговото јадро. Но, многу брзо друг близок макрофаг го проголтува мастилото и го зазема местото на неговиот претходник, не повеќе од неколку микрометри – помалку од ширината на човечко влакно.
-Со текот на времето, контурите на тетоважите може да станат малку позаматени додека мастилото се движи од клетка до клетка. Пигментот може да заврши и во лимфните јазли. Овие важни имунолошки јазли обично се белузлави, но кај силно тетовираните луѓе, тие можат да завршат со бојата на мастилото , вели Гери Кобингер, имунолог од Националната лабораторија Галвстон на Медицинската филијала на Универзитетот во Тексас.
Научниците сè уште не се сигурни дали интеракцијата на макрофагите со „несварливото“ мастило има последици.
извор: theatlantic.com