Германско село избра сириски бегалец за градоначалник со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто, јави германската новинска агенција ДПА.
Германско село избра сириски бегалец за градоначалник со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто, јави германската новинска агенција ДПА.
Ријан Алшебал, 29-годишен бегалец од Сирија, кој пристигна во Германија во 2015 година, се кандидираше на изборите во Остелсшајм во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг како непартиски кандидат. Сепак, тој е член на партијата „Зелените“.
Алшебал го опиша своето искуство во кампањата како „главно позитивно“.
Тој го напуштил родниот град Суејда во јужна Сирија на 21-годишна возраст. Веќе седум години младиот Сириец работи во администрацијата на блиското градско собрание Алтенгштет.
Според Здружението на општини во Баден-Виртемберг, досега немало друг кандидат со сириско потекло за функцијата градоначалник.
МИА