Денот на шегата е толку забавен што нашиот тим одлучи да го продолжи и на 2ри Април – соопштија од Јавното претпријатие Лајка, кое денеска во Градскиот парк на Школка организираше маскенбал за домашни миленици.
Во градскиот парк денеска можеше да се забележат кучиња маскирани во разни костими, а освен домашни миленици, меѓу нив имаше и улични за кои тимот на Лајка бара вдомувачи. На настанот имаше и диџеи, а покрај тоа беше доделени и награди во три категории: најдобра маска, најдобра маска на сопственик и куче, како и најсмешна маска.
Каква беше денешната атмосфера во Градскиот парк погледнете во продолжение.