Кога го запознала во февруари 2021 година, Џесика Хокингс (26), негувателка од селото Мамби во Линколншир, имала намера само да биде пријателка со Дермот Мареј (58) со оглед дека тој претходно бил ово врска со нејзина пријателка.
„На почетокот не сакав да го запознаам. Немав многу доверба во мажите, па тоа ми беше многу застрашувачко. Но жената со која работев во ноќна смена беше во врска со него неколку месеци. Тогаш ние тројцата станавме навистина блиски пријатели“, признала таа.
По неколку заеднички смени насамо, Џесика и Дермот не можеле да одречат дека меѓу нив постои привлечност и тие почнале да поминуваат време заедно и надвор од работата.
„Тој беше навистина добар, посветен пријател. Можев да му ги кажам своите проблеми и да споделам со него работи кои не би ги кажала на никој друг. Почна како однос меѓу татко и ќерка, но постепено тоа се претвори во романтична врска“, изјавила Џесика.
Во април минатата година, тие одлучиле да ја обелоденат нивната врска која претходно ја држеле во тајност бидејќи биле свесни дека разликата во нивните години ќе наиде на голема осуда – пишува порталот San.
-Знаев дека е многу повозрасен од мене и искрено, не мислев дека ќе успееме поради разликата во годините. Сепак, како што поминуваше времето, не размислував за тоа. На почетокот нашата врска ја држевме во тајност бидејќи не знаевме што ќе мислат другите луѓе за разликата во нашите години, но потоа помисливме „да го баталиме криењето, едноставно ќе признаеме и тоа е тоа“. Веќе не можевме да ја држиме нашата врска во тајност, па со оглед на разликата во годините често се случуваше да слушнеме „дали е ова твојот татко“? Последен пат кога отидов во болница, некој ме праша „дали те донесе твојот татко“, а јас морав да одговорам „не, тоа е мојот партнер“ – додала девојката.
-Сепак ова не ни пречи бидејќи знаеме дека луѓето можеби нема да имаат разбирање. Физичкиот дел во нашата врска е многу добар, мојот партнер е нежен и секогаш ме прашува дали сум добро“, истакнала Џесика.
Нејзината мајка пак, е само четири години постара од Дермот. Таа дава голема поддршка за нивната необична приказна, па дури на својата ќерка ѝ дозволила да се всели кај него.
Иако се заедно само 10 месеци, Џесика и Дермот планираат наскоро да се свршат.
„Веќе бевме да купиме свршенички прстен, ние од почетокот знаевме дека сакаме да се венчаме. Јас сакав прстен со сафир, но пронајдовме целосно поразличен прстен. Никогаш не сум била во врска во која сум била третирана и сакана како во оваа, се ми е ново. Одредени работи кои ги прави за мене се навистина слатки, како на пример, ми подготвува вечер, ми става пијалок – таквите работи за мене се многу значајно Ако рано наутро оди на работа, тогаш ми остава порака на креветот, или пак кога јас одам на работа“, изјавила таа.
Покрај се, Џесика сака луѓето да знаат дека годините се само број и не би требало поради тоа да ја одбиваат личноста која им се допаѓа.
„Секој мисли дека 32 години се преголема разлика, но се’ додека кон вас се однесуваат добро, годините не би требало да се важни“, заклучила таа.