Вчера се случила трагедија во Битола. Порталот Апла информира дека шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница.
Според порталот, како што велат блиски на семејството на починатото девојче, со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа родителите го однеле на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.
Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.
ММС стапи во контакт со директорот на болницата д-р Александар Обедниковски, кој ни рече дека веќе е направена обдукција, а резултатите ќе бидат готови за две недели.
-Детето вчера утрото е примено, а починало околу 14 часот. Донесено е со оток на очите, 2-3 дена повраќало и примало терапија во домашни услови, која не е од специјалист. Ние ја известивме и полицијата и обвинитеството, па ќе видиме што ќе се случи. Ќе има вештачење и се што е потребно. Вработените веќе дадоа изјава во полиција, а изјавата ќе биде пратена и во обвинителство. Не би сакале да се шпекулира, сепак дете е во прашање и нема потреба ништо да се крие. Не дека возрасните се помалку важни, но дете си е дете. Ние сме отворени за соработка, вели директорот Александар Обедниковски за ММС.
(В.М.)