Во категоријата на суперхрана односно намирници кои особено добро влијаат на нашето здравје, спаѓаат најразлични намирници, меѓу кои има и такви кои се едноставни и кои често се дел од нашето мени. Една од тие намирници е гравот.
Имено, гравот е полн со влакна кои го штитат срцето, а освен тоа содржи и многу протеини. Пола шолја грав има еднаква количина протеин како и 300 грама месо, покажуваат податоците на американското здружение за дијабетес. Покрај протеините и сложените јаглехидрати, гравот содржи важни витамини и минерали како манган, калиум и магнезиум. Протеините во гравот им помагаат на мускулите во нашето тело, а сложените јаглехидрати ни овозможуваат да имаме поголема енергија – пренесува Gloria.hr.
Помеѓу белиот и останатите видови грав, секогаш бирајте го оној вид кој содржи антиоксиданси, бидејќи токму тие ја подобруваат цврстината на коските, а кај жените ги олеснуваат и симптомите на менопауза.
Некои податоци покажуваат дека црниот грав може да го намали ризикот од срцеви болести дури за 82 отсто. Гравот е богат со витамн Б9 и Б1, но и со магнезиум.