Министерството за култура годинава одвои 400 илјади денари за „Макфест“ кои и годинава како и лани, Општина Штип ги одби и рече дека повторно сама ќе го организира фестивалот.
Во гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 запрашана зошто Комисијата за култура донела ваква одлука, иако фестивалот тежи далеку повеќе, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека лично проверила зошто е донесена ваква одлука и ги разгледувала апликациите од минатите години.
– Макфест беше опишан со две реченици. . За тежината на Макфест, да се напишат две реченици дека требаат пари по необјаснети ставки не е реално, вели Костадиновска Стојчевска.
Таа истакна дека минатата недела била гостин во Општина Штип, за време на настанот за Одбележување 80 години од депортацијата на македонските евреи, но градоначалникот Јорданов не сакал да зборува со неа.
-Градоначалникот на многу високо ниво, кога јас зборував тој излезе од салата, кога завршив се врати. Јас навистина сакав да зборувам со него, затоа што ова прашање не треба да се политизира, но тој не сакаше. Не мислам дека тој не ги погледнал апликациите од претходните години, еве не за време на Бочварски, туку претходно, рече министерката.