Велика Британија најверојатно денеска ќе објави забрана за користење на TикТок на службените мобилни телефони, следејќи ги другите западни земји кои исто така ја забранија апликацијата на кинескиот пазар, јавија британските медиуми.
Британскиот национален центар за сајбер безбедност анализира дали е неопходно да се забрани користењето на ТикТок на службените мобилни телефони, додека САД, Канада, Белгија и Европската комисија веќе ја забранија употребата на оваа апликација.
На прашањето за можна забрана на TикТок, министерот за безбедност Том Тугендат претходно рече дека разбирањето на предизвиците што ги поставуваат овие апликации е „исклучително важно“.
Од TикТок истакнаа дека би биле разочарани од таквата забрана. Владата денеска треба да објави соопштение за безбедноста на своите уреди.