Во барањата за развод, многу сопружници наведуваат необични причини кои довеле до нивната разделба, меѓутоа еден случај на развод особено ги изненади корисниците на социјалните мрежи.
Имено, жена се појавила во судница тврдејќи дека нејзиниот маж Клифтон Гарсија ја напуштил поради нејзината прекумерка тежина. Таа навела дека сопругот ја уценил со барање да ослабне минимум 20 килограми или во спротивно ќе ја остави. Со оглед на тоа дека таа не го исполнила својот дел од „договорот“, тој си заминал, па дури и ја тужел.
Обидувајќи се да го сфати целиот проблем, судијката ја сослушала жената која се жалела дека имала голем број бремености, па со самото тоа и многу деца и обврски. Со годините поради нездравиот начин на живот, таа имала сѐ повеќе килограм. Во дискусијата за овој случај, судијката го прашала господинот Гарсија дали има деца, на што тој одговорил дека има 15. Судијката иронично продолжила со прашањето дали тој ги родил? Бидејќи сосема очекувано, добила негативен одговор, таа кусо одговорила: „така и си мислев“.
Меѓутоа, тој и понатаму се обидувал да се обрани.
„Имаше 45 килограми кога ја запознав и не беше толку голема“, повторувал сопругот.
Тој се обидувал да се оправда и со тоа дека и тој има вишок килограми, но судијката му возвратила дека сопругата никогаш не се пожалила за тоа. Гарсија потоа се обидел да се извлече на друг начин, тврдејќи дека неговата сопруга е љубоморна и мисли дека тој разговара со некого дури и кога оди во тоалет.
Судската расправа наиде на жестоки реакции кога по сведоштвото на жената дека сопругот од неа барал да носи црни, свилени ноќници, а таа тоа го одбила, па по некое време во неговиот телефон видела фотографии од други жени во таква облека. Тој тоа го демантирал и додал дека на една од фотографиите е неговата поранешна сопруга.
Откривајќи повеќе детали, жената открила и дека таа запалила цела торба со негови алишта кога тој одлучил да ја остави. Гарсија пак, објаснил дека веќе нема соодветна облека и дека она што го носел во моментот, е сѐ што му останало. Тој објаснил дека изгорел и неговиот капут кој чинел 500 долари, а судијката одлучила жената да му плати 250 долари за да му ја надомести штетата.
Корисниците биле разочарани и покрај тоа што некои го осудувале потегот на жената која очајно се обидувала да го задржи мажот. Повеќето биле согласни дека судијката не постапила добро бидејќи барала дополнително пари од жената која морала да се грижи и за децата.