Возачот Никос Налбандис е една од жртвите во кобната железничка несреќа во Лариса кога се судрија два воза.
Несреќниот млад човек починал на лице место, а сопругата се збогуваше од него со емотивна објава на социјалните мрежи.
Таа објави нивна заедничка фотографија и напиша:
-О љубов моја, те чекам да се вратиш. Да се остварат соништата. Тука сум и чекам… – гласи потресното објавување на фотографија на која и двајцата се среќни и насмеани.
Димитрис Масалис (32) беше машиновозачот на кобниот патнички воз 62, кој се судри со комерцијален воз во вторникот доцна навечер. Како што пишува грчкиот сајт „прототхема.гр“, името на тој машиновозач се наоѓа на списокот на исчезнатите во трагедијата, а потрагата по него и останатите во остатоците од патничкиот воз продолжува.
Од друга страна, 36 тела се уште се неидентификувани во болницата во Лариса, а од нивните роднини сега се бара да ги идентификуваат, дури и со ДНК метод.
Меѓу исчезнатите е и екипажот на патничкиот воз кој одел кон Солун, а потрагата по нив е во тек.
Како што изјави претседателот на здружението на машиновозачи, Костас Генидунијас, секој воз имал по двајца машиновозачи.
-Станува збор за вкупно четворица машиновозачи и еден кој возел како патник бидејќи морал да ја преземе смената. Во патничкиот воз имало и четворица придружници. За жал, нема информации за нашите колеги – рече Генидунијас.
Пријателите и колегите од „Траиноса“ на социјалните мрежи почнаа да се збогуваат со својот сакан пријател од Амалијада, Јоргос Куцумбо, машиновозачот на комерцијалниот воз, кој исто така загина во оваа несреќа. Тој беше татко на две ќерки и поради професионалните обврски последните години живееше во Солун, пренесува Блиц.рс.