Синоќешниот земјотрес со епицентар во Албанија, беше почувствуван и кај нас. Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера, 28.02.2023 година регистрираше земјотрес 184 km југозападно од Скопје кој потекнува од соседна Република Албанија.
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18 часот и 43 минути со Рихтерова локална магнитуда ML4.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во западниот и северозападниот дел од Републиката, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.