Што е повкусно од домашната супа која ја јадеме за ручек? Домашната супа ги лечи и душата и телото, но постои супа која го прави тоа, но и нешто плус. Дали сте слушнале за супа од коски, но и за диета со неа?
Оваа диета ќе ве доведе до посакуваната килажа и ќе ја направи вашата кожа поблескава.
Супата од коски е богата со витамини, калциум, магнезиум, аминокиселини и колаген, а нашите баби редовно ја конзумирале.
Ги елиминира проблемите со метаболизмот, a со оваа супа гарантирано ќе ослабнете.
Ја подмладува кожата – таа е всушност чист колаген кој го внесувате во организмот;
Го подобрува сонот – аминокиселините кои се наоѓаат во неа создаваат хормони кои приднесуваат за подобар сон;
Ги зајакнува коските – поради магнезиумот, калциумот и фосфорот кои се наоѓаат во неа, овозможуваат подобро здравје на коските;
Го подобрува расположението – здрави црева, здрав мозок. Супата од коски ќе создаде добри бактерии во телото и ќе овозможи да се чувствувате подобро;
Го зајакнува имунолошкиот систем – аминокиселините кои се наоѓаат во коските го зајакнуваат имунитетот кај луѓето,
Дава енергија.
Една жена го споделила своето искуство откако една недела применувала диета со оваа супа.
Во неделата зготвила супа од јунешки коски. Во супата додала и четири моркови, еден кромид, еден компир, малку тестенини за супа и свеж магданос. Во понеделникот веднаш штом се разбудила испила чаша лимoнада, па уште една чаша вода и половина час подоцна појадувала од супата.
На пола час пиела вода и околу 13 часот изела уште една чинија супа од коски. До 17 часот веќе чувствувала глад, но постојано пиела вода и околу 18 часот изела уште една чинија супа и тоа ѝ бил последниот оброк за тој ден.
Втор ден:
Девојката се разбудила гладна, испила една чаша лимонада, а малку подоцна изела една чинија супа од коски. Во текот на денот се чувствувала „лесно“ и со добро распложение. До крајот на денот изела уште две чинии супа од коски, а во меѓувреме не пиела ниту кафе ниту сок.
Трет ден:
Денот го почнала со лимонада, па потоа за појадок јадела супа, која ја имала зготвено ден претходно. Овој пат со супата јадела и едно јајце, малку сирење и леб. Супата ја јадела како предјадење, па потоа јадела ориз и месо со зелена салата, за вечера само супа. Девојката не чувствувала „криза“ во смисла на глад.
Четврти ден:
Четвртиот ден се одвивал исто како и третиот. Прво пиела лимонада, па јадела супа, а потоа и друг оброк. Во текот на денот пиела голема количина вода, па како главно јадење за ручек јадела од супата, а од неа и вечера. Девојката се чувствувала се’ подобро, а имала подобрување и во однос на метаболизмот.
Петти ден:
Спиењето се подобрила, без несоница и ноќна мора. Девојката изјавила дека немала потреба од кафе, бидејќи телото ѝ било помирно. Редовно се придржувала на менито со супа од коски и пиела многу вода во текот на денот.
Шести ден:
Телото на девојката веќе почнало да дава „сигнали“ дека се грижи за него. Немала надуеност и пад на енергијата, а при тоа, намалила два килограми.
Седми ден:
Девојката си „зацртала“ дека една недела ќе биде на диета со сопа од коски и успеала во тоа. Освен супата која редовно ја јадела, се трудела да пие што повеќе вода и лимонада. Кафето и благите работи ги исфрлила од своето секојдневие. Одлучила да продолжи да се храни на здрав начин и да јаде супа барем еднаш дневно.
Придобивки од редовното конзумирање супа од коски:
Подобрување на метаболизмот
Слабеење
Зголемена енергија
Помирен сон
Почиста кожа