Силениот земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што се случи пред утрово во Малатија повторно предизвика страв и паника кај населението.
Беше објавено дека некои згради, што од претходните земјотреси биле оштетени, се урнале.
Според податоците на АФАД, земјотресот кој се случил во 12:04 часот по локално време се случил на длабочина од 6,96 километри.
Земјотресот, кој предизвика паника, беше почувствуван и во околните провинции.
Погледнете ги видеата од социјалните мрежи, кои уште еднаш го покажуваат стравот, паниката и ужасот во кој живее населението во овој дел од Турција: