По земјотресот од 7,7, па 7,6 степени, а потоа стотици, илјадници послаби во Турција „застана“ животот, вклучително и фудбалот. Хатајспор и Газиантеп излегоа од лигата затоа што градовите од кои се – уништени, но…
Денеска фудбалот продолжи во останатиот дел од Турција.
На терен излегоа фудбалери на Фенербахче и Коњаспор, како и Гиресун и Кајзериспор.
Фудбалерите на Фенербахче се појавија на стадионот облечени во дресови со емотивна порака „Драга наша Турција“.
Исто така, на дресовите наместо имињата на фудбалерите, над бројките стоеја имињата на провинциите кои најмногу настрадаа.
Покрај самите играчи, поддршка за луѓето кои останаа заробени во урнатините, дадоа и навивачи.
„Студено е во Турција, Фенербахче е со вас“, рекоа навивачите на Фенер и масовно фрлаа шалови во знак на поддршка за оние кои во проблематичните области немаат можност да се загреат во студените зимски денови како што е вообичаено.