Едно лице загина, а две се полесно повредени при судир на воз со патничко возило кај преминот во населбата „Сточен пазар“ во Прилеп.
Според првичните информации од СВР Битола, судирот бил околу 04:00 часот изутрината и засега од СВР Битола не може да потврдат дали се случил при спуштена или крената рампа на преминот. Загина 34 годишен прилепчанец, возач на патничкото возило со прилепски регистарски таблички, а двајцата сопатници, прилепчани, се здобиле со полесни повреди.
Полицијата и основен јавен обвинител направија увид на местото на несреќата.