Пред крајот на минатата година Викторија Бекам организираше забава каде што ја промовираше својата линија козметика, но и линија за облека. Тогаш пред јавноста таа се појави во несекојдневно издание, при тоа, не криејќи ги брчките на нејзината кожа.
Славната убавица е една од ретките кои го негуваат природниот изглед, па не падна под влијание на трендот за естетски корекции. Додека Викторија е поборничка за природниот изглед, нејзината снаа Никола Пелц не успеа да им одолее на трендовите за вештачко разубавување.
На социјалните мрежи кружат фотогорафии од Никола од пред десет години и тие се јасен показател дека нејзиниот изглед значително се променил.
Многумина коментираат дека очигледно прмените на лицето на Никола Пелц не се дело на природата, додека се зборува дека таа имала корекции на усните, носот и очните капаци.
Инаку, Никола е омажена за синот на Викторија и Дејвид, Бруклин Бекам, а од почетокот на нивниот брак се шпекулира дека снаата и свекрвата не се поднесуваат. Според многумина, Викторија изгледа подобро од Никола и покрај бројните естетски корекции кои таа ги има направено.