Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите рече дека не сака да ги коментира реакциите во јавноста дека неговиот син е на листата на положени идни судии и обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители.
На новинарите тој им рече дека и неговиот син има право да ги ползува сите благодети што им припаѓаат и на другите луѓе, односно „и моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество, и моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа“.
„Јас сум свесен дека моето семејство е на удар на јавноста поради функцијата што ја извршувам. Сензацијата секогаш поголема кога станува збор за дете на висок функционер. Но како и сите други и моето дете има право да ги користи сите права, да конкурира и да биде примен на работа“, изјави Џафери.