Холандскиот истражувач Френк Хугербитс, кој на Твитер објави дека предвидел земјотрес во Турција, сега објави ново видео кое наводно докажува дека тој предвидел и земјотрес во Турција.
Tој пред четири дена на каналот Јутјуб објави видео во кое, меѓу другото, се наведува дека се очекува зголемена сеизмичка активност на подрачјето на централниот Медитеран. Потоа зборуваше за Истра, Кварнер и јужна Италија, пренесува порталот Nova.rs.
Тоа видео сега се споделува на социјалните мрежи бидејќи земјотресот се случи утринава во областа Кварнер во Хрватска. Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа кај Крк.
Засега нема информации за материјална штета, но тресење на земјата е почувствувано во повеќе делови на Хрватска.
Холанѓанец се најде во центарот на вниманието откако објави на Твитер дека предвидел серија разорни земјотреси во Турција и Сирија.
„Моето срце е со сите погодени од големиот земјотрес во Турција. Како што наведов претходно, порано или подоцна тоа ќе се случи во овој регион, слично како во 115 и 526 г. На тие земјотреси секогаш им претходи критичко движење на планетите, какво што имавме на 4-5 февруари“, напиша тој.
Европскиот медитерански центар (ЕМСЦ), кој ги следи земјотресите ширум светот, претходно најави дека се оградува од таквите тврдења бидејќи не постои докажан и сигурен метод за предвидување на земјотресите.
Исто така, бројни сеизмолози и експерти изјавија дека е невозможно да се предвидат земјотреси, а камоли точната магнитуда според Рихтер. И покрај сè, Хјугербитс тврдеше дека може да пресмета кога и каде ќе се случи земјотрес.