Незадоволни од средствата кои ги добиле од Министерство за култура се и организаторите на традиционалната манифестацијата „Илинденски марш“, односно марш на коњаници од Скопје до Крушево по повод Илинеден.
Во врска со нивната реакција, на денешниот брифинг министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска даде образложение.
-Комисијата процени дека во оваа апликација нема културни содржини и затоа финансираше фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва во селото Горно Лисиче и тоа КУД „Гоце Марковски“ со 200.000 денари, како и КУД „Вапцаров“ од 150.000 денари и други проекти по повод Илинден. Јас побарав да ја видам апликацијата на проектот. А тоа е изнајмување на 20 коњи и храна за коњи, храна и превоз за коњаниците и нивна придружба, сместување, превоз и хонорар за пет пејачи и водители, возило, гориво, храна, патарина, озвучување, реклами материјали, маички, билборди и други активности за вкупно еден милион и 26 илјади денари. Тоа го побарале, рече министерката.