Нови дојави за поставени бомби пристигнаа на електронските адреси на три трговски центри, 12 средни училишта, јавниот сервис МРТВ и Транспортниот центар.
– Денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.
Во тек е проверка од страна на МВР. Преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите.