Акцијата за спасување на настраданите од земјотресите во Турција трае со часови, а спасувачите со сите сили се обидуваат да ги извлечат мртвите и повредените од урнатините.
Според последните податоци, бројот на загинати се искачи на 2.200 лица.
Во меѓувреме, фотографијата која го обиколи светот е бебе извлечено од урнатините.
Спасувачите по напорни акции успеале да пронајдат неповредено дете и да го доведат на сигурно, а судејќи по коментарите од мрежите, фотографијата расплака многумина.
Потрагата по исчезнатите и луѓето под урнатините продолжува.
На социјалните мрежи се шират видеа од некои успешни спасувачки операции, како онаа на која може да се види како спасувачите извлекуваат девојче од урната зграда во турскиот град Шанлиурфи. Малена е исплашена и шокирана, но, како што изгледа, неповредена, пренесува Јутарњи.хр
Оние кои останаа заробени во уништените згради повикуваат на помош.