Детенце затрупано под урнатините беше спасено.
Агенцијата Анадолија објави водео, во кое се гледа како екипите кои работат на пронаогање на живи и повредени под срушените згради во Турција, по силниот земјотрес утрово.
Екипите за спасување на крајот добија силен аплауз од луѓето околу, кои имаат затрупани свои блиски и се надеваат на убави вести, дека ќе бидат извлечени живи.
погледнете го видеото:
Претходно од под урнатин ите беше извлечена и една жена.
Агенцијата Анадолија објави видеа од неколку градови, каде во тек се спасување на што повеќе човечки животи.
Погледнете ги видеата на овој линк:
Претходно агенцијата Анадолија објави дека во земјотресот во Туркиjе девет лица се спасени од под урнатините во Газиантеп, Малатија и Килис
– Девет лица досега се спасени од урнатините на уништените згради во турските градови Газиантеп, Малатија и Килис, кои рано утринава беа погодени од разорен земјотрес, информираат од агнецијата.
МИА, според најновите податоци, информира дека загинаа најмалку 670 лица во Сирија и во Турција како последица на силниот земјотрес регистриран утрово во близина на јужниот турски град Газиантеп.
Се стравува дека бројот на жртвите ќе продолжи да се зголемува.
Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 239 лица во областите под контрола на претседателот Башар ал Асад. Бројот на повредени таму достигна 648.
Во областите под контрола на бунтовниците во северните провинции Идлиб и Алепо веќе е потврдена смртта на 147 лица. Волонтерската организација, која дејствува оперира во бунтовничките области, исто така објави над 340 повредени.
Во Турција, според најновите податоци на властите, загинале најмалку 284 лица. Над 2.000 луѓе се повредени.