Рано утрово Турција и Сирија ја потресе силен земјотрес од 7,8 степени, а локалните медиуми јавиваат за голем број жртви и материјална штрета.
Земјотресот се почуствувал речиси низ цела Турција, а според сведочењата на очевидци и во Кападокија, една од најпосетените туристички дестинации, кои ги посетуваат нашите државјани.
ММС праша во Министерството за надворешни работи дали имаат информации за евентуални повредени македонски државјани во Кападокија, но и други градови во Турција.
Од таму ни рекоа:
-По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Република Турција, Министерството за надворешни работи, стапи во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција.
Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, информираат од МНР.