Вчеравечер полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.А.(49) од Кавадарци.
МВР денеска соопшти дека тој физички ја нападнал неговата поранешна 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.