Неидентификувани лица ги украле ракавиците на поранешниот голман на италијанската фудбалска репрезентација Дино Ѕоф, со кои го чуваше голот на Светското првенство во 1982 и стигна до шампионскиот трофеј.
Како што објави „газета дело спорт“ ракавиците беа изложени на хуманитарна вечер во Рим посветена на 100-годишнината од италијанската репрезентација.
Ѕоф на 40-годишна возраст беше капитен на националниот тим на Светското првенство во Шпанија во 1982 година. Италија во финалето на тој мундијал ја победи Западна Германија со 3:1.
Ѕоф беше прогласен за најдобар голман на турнирот. МИА