Магиите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во општините: над 16 милиони евра долгови за граѓаните за ништо, реагираат од СДСМ по изјавата на лидерот на опозицијата од Карбинци.
-Скоро година и половина ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници и мнозинство советници во најголем дел од општините во државата. Тоа е година и половина на масовна партизација, на поскапи услуги за граѓаните и на задолжување на општините, тоа е учинокот на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. Богати и финансиски стабилни општини како Гази Баба и Аеродром кои до пред 15 месеци имаа плус во буџетските каси се га се задолжуваат со обврзници, велат од СДСМ и додаваат:
-Гази Баба ќе се задолжува со пет милиони, Аеродром со 5.4 милиони евра, Прилеп со пет милиони евра и општина Бутел со два милиони евра. Ете ги магиите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во општините: над 16 милиони евра долгови за граѓаните за ништо, за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги трошат на партиски вработувања и непродуктивни трошоци. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега, реагираат од СДСМ.