Единаесет лица се повредени во експлозија во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал.
Како што пренесуваат турските медиуми, на местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција.
İSTİKLAL CADDESİ PATLAMA OLMUŞ. DURUM ÇOK KÖTÜ İNSANLAR YERDE YATIYOR. UMARIM CAN KAYBI YAŞANMAMIŞTIR #TAKSİM #İSTİKLAL #BOMBA PİC.TWİTTER.COM/Z0FMRCEGYN
— THE GODFATHER (@_THE_GODFATHERR) NOVEMBER 13, 2022
Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната, пренсува МИА.
Водителката на специјалните вести на Си-Ен-Ен, Фулија Озтурк, во живо ја сподели следната информација:
„Не е познато дали се работи за напад, бомбаш самоубиец или пакет-бомба. Се вели дека во оваа насока пристигнале многу пријави. Полицијата ги затвори околните патишта околу улицата, на цивилите им е забрането да се движат“.
Се уште не е јасно дали експлозијата се случила во зградата или на улица.
Според првичните информации, во експлозијата загинале четири лица.