Со порастот на температурите, ЈП ЛАЈКА апелира до сите граѓани да покажат грижа и одговорност кон милениците, но и кон бездомните животни, кои особено страдаат за време на летните горештини. Вашето внимание може да спаси живот
Препораки за сопственици на миленици:
-Вода секогаш на дофат обезбедете свежа и чиста вода за вашите миленици во текот на целиот ден.
-Сенка и свеж воздух никогаш не држете кучиња врзани на синцир без пристап до сенка. Тоа претставува малтретирање и е казниво.
-Без животни во автомобил ниту за само 5 минути”! Температурата во возило може да порасне до фатални нивоа за само неколку минути, дури и кога надвор не изгледа премногу топло.
-Шетајте ги милениците рано наутро или доцна навечер асфалтот во текот на денот може да биде екстремно врел и да ги изгори шепите.
Грижа за бездомните животни:
-Оставете чинија со чиста вода пред вашата зграда, двор или продавница тоа за нив може да значи разлика помеѓу живот и смрт.
-Внимавајте на хигиената садовите редовно чистете ги и ставете ги на место кое нема да го попречува движењето на пешаците.
-Покажете емпатија ако видите животно во неволја, известете ја ЛАЈKA или најблиската ветеринарна амбуланта.
Вода за сите живи суштества!
-Во духот на солидарности грижа, повикуваме институциите, угостителските објекти и граѓаните да поставуваат садови со вода на јавни површини но со совесно одржување на ред, хигиена и почит кон заедничкиот простор. Летото е време за уживање, но и за одговорност. Грижата за животните не е само хуманост таа говори за нас како заедница, велат од Лајка.