Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски во ново видео на Фејсбук, уште еднаш повика на помош за државните институции, кои се уште немаат испратено помош и ги повика граѓаните да се приклучат во гансење на пожарот.
-Во моментот е повеќе од животозагрозувачка состојбата и сакам да ве повикам и на смиреност и на вклученост во акцијата. Жал ми е што државна помош се уште не е пристигната и покрај инсистирањето, сметам дека треба ургентно соодветно да им се пружи помош. Жал ми е што огнената стихија го зафаќа населеното место од десниот брег на градот. Ситуцијта е животно загрозувачка.
Апелирам на смиреност, не се движете непотребно по коловизите, вклучете се во гаснење. Не ја трошете водата за пиење од бунарите за да имаме доволно залиха. Побаравме помош од Бугарија, од Кратово, Пробиштип, Куманово и Ранковце. Побаравме помош од Армијата , хелихоптерската единица и очекувам сериозна помош. Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат, без ширење на паника, без ширење страв туку да помогнеме на градот и на нас самите. Господ нека и е на помош на Крива Паланка, рече градоначалникот.