Голем пожар избил во близина на Крива Паланка, поточно кај селото Лозаново, а градоначалникот повика за помош од соседните општини и државата.
-Во селото Лозаново изби пожар, и Крива Паланка се наоѓа под најголема огнена стихија последните неколку години. Апелирам за смиреност, но и за помош од сите соседни општини, како и од државата, верувајте во опсност се наоѓа селото и домовите на жителите. Секој граѓанин кој може да дојде да помогне за да се спречи ширењето, вели Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.