Вчера во Одделението за внатрешни работи Берово било пријавено дека маж со тешки телесни повреди бил донесен во Итната медицинска помош во Берово.
Според пријавата, станува збор за 50-годишниот Д.К. од селото Владимирово, кој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи поврзани со дотур на дрвни сортименти за правно лице, на локација позната како „Долни Шабан“ во Берово.
По пријавата, на местото на настанот извршен е увид од страна на полициска екипа од ОВР Берово, во присуство на трудов инспектор, по насоки на надлежен јавен обвинител.
Се работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.