СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 27.08.2024 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Во одвоен случај, СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(20), против правното лице од Штип и управителот М.П.(23), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници”. На 02.05.2025 во угостителски објект во Штип, првопријавениот овозможил на малолетник да консумира алкохол.