СДСМ Штип денеска преку социјалните медиуми упатија критика кон локалната власт:
„За прв пат по четири децении, ТППЕ Штип остана без достојно одбележување на Денот на пожарникарите. Ден кој традиционално симболизира чест, пожртвуваност и благодарност кон луѓето кои се први на линијата на одбрана кога има пожари, оваа година помина во тишина.
Дали Јорданов избегнува средба со пожарникарите поради ветувањата што не ги исполни? Пожарникарите сè уште ги чекаат ветените бонус плати за 2024 година. Не е исплатена ниту законската разлика поради усогласувањето со минималната плата.
Да потсетиме – последен пат кога добија нови униформи беше пред пет години, за време на владеењето на СДСМ“ – стои во реакцијата.