-Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата, напиша на на фејсбук Алексабдар Пандов,директорот на Управата за извршување на санкции и објави видео во кое се гледа запалена куќа во Орешани.
-Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност, напиша тој.