Струмичанец со фолксваген пасат синоќа лудувал по булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, што било причина да се алармира полицијата, која при проверка на алкохолот во крвта, утврдила неверојатни 2,19 промили.
51-годишниот Р.П. веднаш бил приведен а против него е поведена постапка.
- По преземени мерки и алкотестирање, констатирано е присуство на 2,19 промили алкохол, што е значително над дозволената граница. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило, соопштија од Министерството за внатрешни работи.