В.Д директорот на специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина, Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент заедно со уште едно лице коe посредувалo, дознава Телма. Неофицијално се работи за сума од 20 илјади евра.
„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување на настанот“, соопштија од обвинителството, без да наведат повеќе детали.
Арифи претходно беше директор на психијатриската болница во Бардовци. На геријатрија се сместуваат и пациенти во термален стадиум на малигна болест, како и пациенти со
хронично прогресивни и трауматски болести.